logo
logo
logo

Момците на Алонсо не знаат за доста, го декласираа и Ајнтрахт во Франкфурт

Vecer | 05.05.2024

Момците на Алонсо не знаат за доста, го декласираа и Ајнтрахт во Франкфурт

Иако одамна ја обезбедија првата и историска титула во Бундеслигата, фудбалерите на Баер Леверкузен продолжија да ги поместуваат границите во оваа неверојатна сезона.

Тие денеска гостуваа во Франкфурт и го декласираа Ајнтрахт со 5:1, во натпреварот од 32. коло. Ова беше 48-ми меч без пораз за избраниците на Чаби Алонсо, кои попладнево до победата дојдоа и без голем дел од главните играчи кои одмораа за мечот во ЛЕ со Рома.

До крајот на лигата Баер (Л) имаат дуели со Бохум на гости и со Аугсбург на домашен терен, а ќе игра и во финалето на германскиот куп со Кајзерслаутерн.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk