Хрватска има најголем пад на индустриското производство во целата Европска унија

Индустриското производство во февруари во Европската унија е зголемено за 0,7 отсто во однос на годинешниот јануари, откриваат новите податоци на Евростат. Најголем месечен раст е забележан во Ирска (3,8 отсто), Унгарија (3,5 отсто) и Словенија (3,3 отсто), објави Даница.хр.

Најголем пад на индустриското производство во февруари забележа Хрватска, дури 4,6 отсто во однос на јануари. По нив следуваат Литванија со пад од три отсто и Белгија со пад од 2,7 отсто. Најголем пад на годишно ниво во однос на ланскиот февруари е забележан во Ирска, дури 36 отсто, Белгија (12,7) и Бугарија (8,4). Најголем раст е забележан во Шпанија (3,5 отсто), Словенија (2,8) и Данска (2,7). Добро ѝ оди и на Унгарија со раст од 1,3 отсто.

Падот на индустриското производство на годишно ниво во февруари во однос на истиот месец лани во Хрватска изнесува 5,7 отсто. Во просек индустриското производство во цела Европска унија падна за 5,4 отсто. И на годишно ниво сме полоши од просекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот