СВР Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и Б.А.(34) од Битола, управител во пријавеното правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 01.12.2023 полициски службеници извршиле увид во документацијата на правното лице, при што било констатирано дека правното лице ангажирале 147 такси возила, за кои биле склучени 54 договори за изнајмување диспечерски услуги со физички лица и 40 договори за изнајмување на диспечерски услуги склучени со правни лица, од кои само 38 поседувале лиценци за општински јавен такси-превоз, издадени од општина Битола, а притоа Б.А., не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај.


Администратор
23/04/2024 05:32