Ѓорческа во Копер ќе игра полуфинале во двојки

Фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер. Таа заедно со Романката Кристина Андреа Миту со 2-0 во сетови (6:4 6:1) за 1 час и 11 минути ги совладаа Ивана Себестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева.

Утре (петок) во полуфиналето за противнички ги имаат првите носителки Вероника Ерјавец од Словенија и Доминика Салкова од Чешка. Според распоредот на мечеви полуфиналето треба да почне по 14 часот.

Инаку, Ѓорческа денеска беше елиминирана во поединечна конкуренција во второто коло од Дебора Киеса од Италија со 2-0 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот