Јанески: Во Македонија континуирано се гушат демократските процеси

  • Обраќање на Раководителот на Црвена Младина, Марио Јанески при собирот на партиските подмладоци за потпишување на Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза:

Ние сме сведоци како во Македонија континуирано, триесетина години се гушат демократските процеси. Не е нешто многу поразлично и сега можам да констатирам. Вчера кандидатите претседателски имаа можност исто така да потпишат кодекс. Исто така, и тие имаа некои свои излагања каде што малку повеќе зборуваа за тоа како се фаворизираат одредени кандидати или партии.

И улогата тука на младите е многу важна, затоа што ние треба да бидеме гласноговорници кога има неправди. Така, ќе пробам и јас тука да кажам дека и покрај тоа што има некои непринципиелни практики во организирањето, односно во обидот да се создадат услови за фер и демократски избори, ние сме спремни да се соочиме со предизвиците и ќе ги користиме сите правни и институционални механизми за да имаме еден фер и демократски процес.

За жал, морам да констатирам дека ова е уште еден од низата на настани каде што ние младите се собираме овде. Ќе дојдат медиуми, ќе сликаат, ќе видиме еден краток прилог на вестите и од утре никој повторно нема да ги есапи младите, за жал.

Ја поздравувам оваа иницијатива, треба да има вакви, но во држава каде што веројатно не се почитува ни устав, ни закони да веруваме дека некакви декларации ќе бидат некој обврзувачка норма за чинителите во овие процеси, малку сум скептичен, но пак ќе кажам, ние младите треба да бидеме поразлични, да бидеме гласноговорници на неправдата, а ние како младинска организација дефинитивно ќе бидеме тоа.