Апасиев: Кандидатски маки големи

  • Фејсбук статус на лидерот на Левица, Димитар Апасиев

На синот и снајката на Стевчо Јакимовски, наместо венчаница им дале умреница (Боже им помози).

На ќерката на Силјановска, Апасиев и ја треснал вратата од колата (ама не била Алфата), не знам точно која година пред нашата ера.

Ќерките на Ванковска живееле на Запад – по Европите и Канадите (а не во Кина или Русија, замисли).

Уште синот на Пендаровски да пише: – “Еднаш Апасиев, на паркинг, ми покажа шипак и ми се накриви со исплазен јазик” и предизборниот ЦИРКУС може да почне.