Морган Рибеиро (20) од Велика Британија, која имала операција на желудникот во Турција, починала во Белград на аеродром откако и се слошило во авионот додека се враќала дома.
Морган на почетокот на јануари отпатувала во Турција со своето момче со цел да направи операција на желудникот, која ја платила околу 3.000 евра. Младата девојка се одлучила на овој потег бидејќи била малтретирана поради прекумерната тежина, а не сакала да биде на долга листа на чекање во Британија, пишува Дејли Мејл.
Таа била оперирана во Турција на 5 јануари, а три дена подоцна и било кажано дека е безбедно да се врати дома. Морган и нејзиното момче Џејмс Брустер (19) се качиле во авионот за Лондон, но за жал и се слошило за време на летот, поради што авионот итно бил спуштен во Белград, каде Морган и покрај напорите на лекарите, починала.
Тие откриле дека при интервенцијата во Турција и било исечено тенкото црево, што довело до инфекција.
За време на операцијата, лекарите морале да отстранат повеќе од 10 сантиметри од тенкото црево, но на 9 јануари Морган добила срцев удар, поради што била ставена во индуцирана кома. Четири дена подоцна, таа почина во болница во Белград.
Мајката на Ерин (44) започнала кампања за собирање пари, за телото да биде доставено во Англија.
Мајката објаснува дека не знаела за операцијата дури откако Морган се качила во авионот.
-Кога дознав, веќе беше доцна, таа веќе беше во авионот. Имав лошо чувство, бидејќи слушнав секакви приказни за Турција. „Никогаш не сакав ова да и се случи на мојата ќерка“, рече Ерин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата