Центарци в сабота во Дебар Маало ќе го одбележат роденденот на Горан Стефановски

Фото: Општина Центар

Општина Центар в сабота со повеќе активности ќе го прослави денот на раѓањето на најпознатиот „центарец“ Горан Стефановски. Настанот ќе се одржи пред неговиот мурал во Дебар Маало, кој, како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, е надополнет со најпознатиот рефрен на песната Скопје од „Леб и сол“ – „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје!“ – нацртан од уметниците Драш и Мачка.

 Ве чекаме за заедно да слушаме извадоци од неговите аудиодрами, да ја проследиме промоција на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи“ од проф. д-р Иван Додовски, да уживаме во изведба на култните песни на „Леб и сол“ во изведба на бендот „Сешн селекшн“ и да го промовираме „Центарско ќоше“, ново културно катче за мали сцени и културни содржини и настани – вели Герасимовски повикувајќи ги граѓаните да се придружат на случувањето во Дебар Маало.

Фото: Општина Центар

Настанот почнува во 12 часот кај муралот со ликот на големиот македонски драматург, кој е насликан на фасадата на основното училиште „Коле Неделковски“. Муралот насловен „Од Горан за Горан“, е подарок за 70-тиот роденден на Стефановски од градоначалникот Герасимовски, а е насликан од уметникот Блаже Атанасков.

Стефановски почина во ноември 2018 на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Тој е автор на драмите „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на телевизиската серија „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и да читаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот