Во сообраќајна несреќа тешко повредена легендата на нигерискиот фудбал, неговиот брат го загубил животот

Фото: Screenshot

Taжна вест денеска пристигнува од Нигерија, Тијани (50) и Ибрахим Бабангида (47) славните нигерски фудбалери во четвртокот имале тешка сообраќајна несреќа во која Ибрахим починал ,а Тијани во критична состојба се наоѓа во болница.

Информациите на медиумите се дека во автомобилот имало уште три лица, сопругата на Тијани, синот и помошничката. Веста ја потврди Емануел Бабајаро, генералниот секретар на Здружението на професионални фудбалери на Нигерија. Ибрахим наводно животот го загубил на лице место, додека останатите се пренесен во болница. Состојбата на Тијани била критична, но сепак бил свесен.

Во играчката кариера Ибрахим помина пет години во нигерскиот фудбал, а од 1997 до 2002 година беше член на Волендам од Холандија.

Кариерата на Тијани е многу поуспешна, тој собра и 36 настапи за репрезентацијата за која постигна и пет гола, освои три трофеи со Ајакс, а во Турција освои куп со Генчербирилиги. Исто така беше и член на Нигерија на репрезентацијата од 1996 која го освои олимпиското злато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот