Компанијата „Персу“ во текот на ноември кој е месец на машкото здравје, организира интерен натпревар „Супер мустаќ“.
Вработените во компанијата „Персу“ во овој период имаа можност да пуштат мустаќи и да учествуваат во натпреварот за најдобар мустаќ.
Победник на натпреварот е менаџерот Бошко Антонин, кој од компанијата доби посебна награда, а дополнително на тоа компанијата во текот на ноември им обезбеди бесплатни уролошки прегледи на своите вработени.
Извор/Фото:„Персу“/LinkedIn
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.