Сè се менува од 2026 година: Мундијалот каков што го знаеме заминува во историјата?

Мундијалот во 2026 година ќе се игра со 48 учесници/ фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Светското првенство во Катар ќе биде последно што ќе се игра според моделот со 32 селекции кои се сместени во осум групи по четири, од кои најдобрите две одат во осминафиналето.

Овој модел е воспоставен во 1998 година во Франција, а од Светското првенство во 2026 година чекаме експеримент со дури 48 учесници.

Моделот за следниот турнир не е воспоставен, а има три идеи. Ова го соопшти директорот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за развој на фудбалот и поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.

– Сѐ уште не сме одлучиле, но размислуваме што би било најдобро. Ќе има ли 16 групи со по три репрезентации, 12 со по четири или две одделни натпреварувања со шест групи по четири селекции… Победниците од тие две конкуренции би играле финале, кое би го решавало светскиот шампион. Очекувам дека конечната одлука ќе биде донесена следната година – рече Венгер.

Во сите понудени формати јасно е дека за првпат ќе имаме шеснаесетфиналиња во нокаут-фазата. СП во 2026 година за првпат ќе се одржи во три земји: Мексико, САД и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот