<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Претседателот на
Алијансата за Албанците и кандидат за претседател, Арбен Таравари во интервјуто
за „Политико“ на Канал 10 вели дека коалицијата ВРЕДИ ќе ја победи ДУИ на
изборите на 8 мај.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Нема да
коалицираме со ДУИ, бидејќи ќе ја победиме ДУИ. Доколку има потреба од договор
за албанските политички партии, ние сме отворени, како што гласавме за
уставните измени во 2019 година, или дадовме поддршка од опозицијата за
одредени прашања за унапредување на Албанците, како што е Законот за
спроведување на јазиците, па дури и за гласање на првиот албански премиер, кој
има техничка улога“, нагласи Арбен Таравари, додавајќи дека предуслов на
коалицијата за формирање на новата Влада ќе бидат уставните измени, бидејќи Македонија
нема друг пат освен влез во Европската Унија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Според Таравари,
демократија е самата промена и ако нема промена нема демократија и дека
Албанците заслужуваат промена.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Време е ДУИ да
оди во опозиција, не затоа што ние сакаме, туку е добро за Албанците, за
државата, но и за ДУИ, добро е еден период да биде во опозиција“, рече
Таравари.</span>