Сојузник на Путин: Цела Украина ќе гори поради американското оружје

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека испораката на понапредно американско оружје во Украина само ќе предизвика дополнителни напади од Русија и може да ја активира руската нуклеарна доктрина, пишува Ројтерс.

Цела Украина, која останува под власта на Кијив, ќе гори, истакна Медведев во писменото интервју со новинарката Надана Фридрихсон.

Фридрихсон го праша Медведев, кој како заменик-претседател на Советот за безбедност стана еден од најистакнатите „јастреби“ по руската инвазија на Украина, дали употребата на оружје со поголем дострел може да ја принуди Русија да преговара со Кијив.

Резултатот ќе биде токму спротивен. Тоа можат да го тврдат само морални изроди, кои ги има доволно во Белата куќа и во Капитол, одговори Медведев во интервјуто што Фридрихсон го објави на нејзиниот канал Телеграм.

Ве уверувам дека одговорот ќе биде брз, цврст и убедлив, нагласи сојузникот на Путин.

04.02.2023 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега