Во супер интересен меч Челзи со триумф кај Нотингем!

11.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во супер интересен меч Челзи со триумф кај Нотингем!

Нотингем Форест – Челзи 2:3 е епилогот од супер интересниот меч во рамките на 37.коло во Премиерлигата.

Гостите од Лондон уште во 8.минута со голот на Мудрик дојдоа до 0:1. Сепак само осум минути подоцна Боли постави резултатски егал на оваа средба. И не само што израмнија, “шумарите“ со голот на Хадсон – Одои во 75.минута и поведоа. Сепак тоа не ги поколеба гостите кои во 80. и 82.минута со головите на Стерлинг и Мадуеке направи пресврт и ги освоија тие три бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата