Насловна / Вести / Финска гради подземно складиште за топлинска енергија, со капацитет доволен за загревање на цел град

Финска гради подземно складиште за топлинска енергија, со капацитет доволен за загревање на цел град

Финската енергетска компанија Vantaan Energia, ги објави плановите за изградба на подземно складиште на сезонска топлинска енергија во Вантаи, чиј капацитет може да ги задоволи потребите за греење на еден град со средна величина во текот на целата година. Проектот опфаќа вкупно 1,1 милиони кубни метри, а најголемата длабочина достигнува 140 метри. За обезбедување на топлинската енергија која ќе се складира ќе се користи и обновлива енергија во периоди на ниска цена, како и отпадна енергија од индустриски процеси. Со помош на висок притисок, топлата вода ќе се одржува и до 140°C.

Кога ќе биде целосно наполнет, ова складиште ќе има капацитет од 90 GWh. Вантаи е според бројот на жители четврта општина во Финска и има силно развиена топлификациска мрежа. Почетокот на изградбата на оваа постројка се очекува за неколку месеци, а би требало да почне со работа во 2028 година. Инвестицијата е проценета на 200 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top