Насловна / Вести / Google Maps унапреден: Нови функции и подобрен дизајн

Google Maps унапреден: Нови функции и подобрен дизајн

Изгледот и функциите на Google Maps главно се исти последните неколку години, но сега дојде до нови моменти. За почеток, горе лево се наоѓаат нови функции кои се однесуваат на временската прогноза на местото, како и подетален увид во временските услови. Исто така, кога ќе се кликне на одредена локација, се добива листа со нов дизајн со опции за затворање и делење во горниот десен агол. Има и промени со кои нa корисниците им се овозможува подобар увид во тоа каде се наоѓаат. Најголемиот редизајн се однесува на начинот на кој се користи пребарувањето во склоп на опцијата Directions. Овој кориснички интерфејс сега служи само за внесување на адреси. генерално, редизајнот имал за цел да се поедностави апликацијата Google Maps. Промените се веќе достапни на некои Android корисници.

google1

Испрати коментар

Scroll To Top