Израелците гранатираа станбена зграда во Рафах

Најмалку двајца Палестинци, меѓу кои и една жена, загинаа, а неколку други се повредени во израелски воздушен напад врз станбена зграда во јужниот дел на Појасот Газа.

Друг воздушен напад погоди куќа во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа при што загинаа пет лица, меѓу кои две деца и една жена, чии тела билепренесени во болницата Ал Акса во Деир ал Балах.

Палестинците во Газа оваа година го празнуваат Рамазан во услови на немилосрдна воена кампања што ја започна Израел како одговор на невидениот напад на Хамас на 7 октомври, кој резултираше со смрт на околу 1.200 луѓе.

Во израелската инвазија на Газа според здравствените власти во Газа загинаа над 31.000 Палестинци.