Има ли ефекти од радикалните мерки за штедење во Аргентина
Новиот аргентински претседател Хавиер Мајли постојано се обидува да ја намали јавната потрошувачка, но тоа влијае на стандардот на населението, а со тоа и на потрошувачката.
Вчера Мајли објави дека ќе отпушти 70.000 работници во јавниот сектор. Тој додаде дека исто така ги замрзнал јавните работи, го прекинал финансирањето на провинциските влади и откажал повеќе од 200.000 планови за социјална заштита, пишува Каматица. Целта на сите овие негови одлуки е да постигне фискална рамнотежа. Секако, тие не беа неочекувани, бидејќи Мајли уште пред да дојде на власт зборуваше за спроведување болни реформи со цел да се подигне болната аргентинска економија.
Тој најави укинување на пезосот, па дури и затворање на централната банка за да престане да печати пари. Сепак, излегува дека некои од неговите планови тешко се реализираат во ситуацијата во која се наоѓа Аргентина. На пример, размената на пезоси за американски долари е речиси невозможна поради дефицитот на странски валути во земјата.
Покрај тоа, годишната инфлација е 272%, па аргентинскиот претседател наместо да ги штеди, мораше да прибегне кон дополнително трошење на јавните пари. Имено, тој неодамна донесе одлука висината на пензиите наместо еднаш годишно да се приспособува на покачувањето на цените на месечно ниво, што беше пракса досега. Во последните три месеци инфлацијата изнесуваше 70%, лековите поскапеа за 77%, а пензиите само 27%.