logo
logo
logo

Двајца загинати во нападот на Хутите врз бродот „Тру Конфиденс“

Vecer | 06.03.2024

Двајца загинати во нападот на Хутите врз бродот „Тру Конфиденс“

Ова е првпат да има смртни случаи откако Хутите, поддржани од Иран, нападна комерцијални бродови во Црвеното Море, во, како што рекоа, знак на поддршка за Палестинците во војната меѓу Хамас и Израел.

Остатокот од екипажот го напуштил бродот True Confidence, кој се запалил и сега плута во морето, јави Би-Би-Си.

Американски официјален претставник изјави за Си-Би-Ес дека шест членови на екипажот се повредени.

Во соопштението на движењето се наведува дека членовите на екипажот ги игнорирале предупредувањата.

Британската амбасада во Јемен соопшти дека смртта на морнарите била „тажна, но неизбежна последица на непромисленото истрелување проектили од страна на Хутите кон меѓународни бродови“ и инсистираше на тоа дека нападите мора да престанат.

Поради честите напади на јеменските бунтовници значително е нарушен бродскиот сообраќај бидејќи на мета се бродови на рутата што ги поврзува Азија и Блискиот Исток со Европа, а последниот напад може да доведе до ескалација на тензиите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk