„Докторот ми кажа дека нема лек за мене, а јас му реков да престане бидејќи ми треба надеж“: Овие познати личности боледуваат од Паркинсонова болест, а еве кои се првите симптоми

Точка

12/04/2024

14:44

5.318

Големина на фонт

а а а

Паркинсоновата болест е невродегенеративна состојба предизвикана од губење на невроните кои предизвикуваат допамин во мозокот, што доведува до различни невролошки симптоми и симптоми поврзани со движењето.

Паркинсоновата болест главно го зафаќа моторниот систем, а најчест симптом е тремор кој обично се јавува при мирување или за време на неактивност.

Другите моторни симптоми вклучуваат бавно движење, вкочанетост на мускулите и нестабилност, што може да го зголеми ризикот од паѓање. Болеста може да доведе и до појава на психолошки тешкотии како депресија, анксиозност, нарушување на спиењето и когнитивно оштетување, а има и значително влијание врз квалитетот на животот на поединецот.


Што го поттикнува развојот на Паркинсонова болест?

Иако не е јасно што точно ја поттикнува болеста и зошто се појавува, научниците идентификувале некои промени во мозокот кои се јавуваат поради болеста.

Симптомите на Паркинсонова болест главно се резултат на нискиот допамин (невротрансмитер), кој се јавува кога клетките кои произведуваат допамин умираат во мозокот. Допаминот испраќа сигнали до делот на мозокот кој го контролира движењето и координацијата, па ниското ниво на допамин може да го отежне контролирањето на движењето.

Како што нивото на допамин продолжува да опаѓа, симптомите постепено стануваат потешки, наведува „Medical News Today“.

Паркинсоновата болест, исто така, може да вклучи и оштетување на нервните завршетоци кои произведуваат уште еден невротрансмитер, норепинефрин (норадреналин), кој придонесува за циркулацијата на крвта и другите автоматски функции на телото.


Ниското ниво на норепинефрин кај Паркинсоновата болест може да го зголемат ризикот од моторни и немоторни симптоми, како што се: вкочанетост на екстремитетите, постурална нестабилност, тремор, анксиозност, тешкотии со фокусирање, деменција, депресија.

Ова може да објасни зошто луѓето со Паркинсонова болест често имаат ортостатска хипотензија, што предизвикува промена на крвниот притисок кога лицето станува, што доведува до зашеметеност и ризик од паѓање.

Телото на Леви

Наслагите од протеинот алфа-синуклеин или телото на Леви во мозокот можат да се појават кај луѓе со Паркинсонова болест.

Таложење на телата на Леви може да предизвика губење на нервните клетки, што доведува до промени во движењето, размислувањето и однесувањето и расположението и може да доведе до деменција.

Деменцијата на телата на Леви не е исто како и Паркинсонова болест, но луѓето може да ги имаат и двете бидејќи симптомите се слични.

Експертите идентификувале промени во неколку гени за кои се чини дека се поврзани со Паркинсоновата болест, но тие не мислат дека е наследна. Генетските фактори сочинуваат само 10% од случаите, претежно кај луѓето со ран почеток на болеста.


Во студија од 2017 година, научниците откриле можна генетска врска помеѓу Паркинсоновата болест и автоимуните состојби, како што е ревматоидниот артритис. Во 2018 година, истражувачите откриле дека луѓето со автоимуни ревматични заболувања имале 1,37% поголема веројатност да имаат и Паркинсонова болест.

Познати личности со Паркинсонова болест

Мајкл Џ. Фокс – Иако повеќето луѓе се дијагностицирани на возраст од 40 до 60 години, на актерот (62) болеста му била откриена во 1991 година, кога имал само 29 години.

Во 1998 година на јавноста ѝ открил дека ја има оваа болест, а две години подоцна ја основал фондацијата „Мајкл Џ. Фокс“ за истражување на Паркинсоновата болест.

Во својата книга „No Time Like the Future“, тој напишал дека актерството не го дефинира и дека неговите здравствени проблеми биле само еден од факторите поради кои одлучил да престане да се занимава со глумата. За „People“ изјавил дека повеќе не можел да работи 12 часа дневно и да памети текстови за филмови или серии, а тие тешкотии во памтењето ги сфатил како показател дека сето тоа треба да го остави зад себе.


Последниот филм го снимил во 2019 година, а во 2023 година го снимил и документарецот: „Still: A Michael J. Fox Movie“. Но, никогаш не ја отфрлил целосно глумата.

„Би се занимавал со глума доколку се појави нешто во кое би можел да ја ставам мојата реалност, моите предизвици“, зборувал тој за „People“.


Ози Озборн – По низа здравствени проблеми во 2020 година, тој открил дека му била дијагностицирана Паркинсонова болест.

Дијагнозата се совпаднала со тешкиот пад и операцијата на вратот, бидејќи Озборн почнал да чувствува вкочанетост и пецкање во едната рака и двете нозе.


„Не знам дали е Паркинсонова болест или што. Тоа е проблемот … чудно е чувството“, изјавил тој во интервју за „Good Morning America“. Во интервју за „The Observer“, тој коментирал дека на моменти мисли дека ја движи ногата, но таа едноставно не мрда.

„Се чувствувам како да шетам во оловни чизми“, додал тој.


Били Конели – шкотски стенд-ап комичар и актер ја продолжил својата кариера откако му била дијагностицирана Паркинсонова болест во 2013 година, кога имал 70 години.


За првпат дознал дека има Паркинсонова болест при средба со доктор во лобито на хотелот кој веднаш ги препознал неговите симптоми како рани знаци на оваа невролошка болест. Но, дијагнозата не го спречила и продолжил со настапите и актерството, додека конечно не се повлекол од јавноста во 2018 година.


„Имав доктор во Њујорк кој рече дека ова е неизлечива болест. И јас му реков да престане да го кажува тоа и дека треба да ми каже дека допрва треба да најдат лек за болеста, да ми даде малку надеж“, зборувал своевремено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг