19 Мај, 2024
0.0335

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Објавено во: Македонија 26 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Маркет вижн за првиот круг од претседателските избори, а објавено од МКД.мк, се покажа дека е најблиску до резултатот. 

Анкетата на Маркет вижн и на МКД.мк покажа дека соодносот меѓу Гордана Сиљаносвка Давкова и Стево Пендаровски ќе биде 2:1. Тоа и се случи – Сиљаносвка Давкова освои двојно повеќе гласови од Пендаровски. На трето место и според анкетата и според резултатите од првиот круг е Бујар Османи, па следуваат Максим Димитриевски и Арбен Таравари, а по нив Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Такви беа резултатите од анкетата, а такви се и резултатите на Државната изборна комисија по првиот круг од претседателските избори

Николина Стојановска управителката на Маркет вижн, вели дека за бројните обвинувања и сомневања и од политичарите и од т.н. експерти подобар одговор нема од споредбата на анкетите со резултатите од изборите.

„Веќе неколку избори имаме најточни резултати. Ова не е случајно. Точна анкета бара ресурси, посветеност и затоа секогаш чини повеќе. Нашите анкети неретко се поскапи, може да траат и некој ден повеќе, но тоа е неопходно за поголема точност. Последната наша анкета за МКД.мк, споредена со резултатите од изборите, поконкретно со важечките гласови покажува точност со минимални отстапувања во рамки на статистичката грешка од 3 проценти што може да се види од приложениот слајд.

Многу аналитичари се занимаваат со проценти, но притоа не обрнуваат внимание на најважниот показател, а тоа е соодносот на гласовите меѓу кандидатите. Соодносот ја дава најреалната слика. Процентите меѓу различни анкети се неспоредливи бидејќи во секоја анкета има голем број испитаници кои не се изјаснуваат, не знаат за кого ќе гласаат…, а вкупниот број на вакви одговори во секоја анкета е различен. Ако го погледнете распоредот на нашите резултати ќе видите дека е речиси еднаков со резултатите од ДИК.

Важно е да се нагласи и моментот дека Маркет вижн не е агенција специјализирана за политички анкети. Ние сме експерти за бизнис, истражувања за брендови, финансии, и инвестициски проекти. За жал, недостатокот од вакви проекти во последните години ни ослободи време да работиме и ваков тип на анкети. Интересно е да се спомене дека многу странски институции и невладини организации, чија цел е унапредување на политичкиот систем, кои редовно прават и објавуваат анкети, многу пати нѐ поканиле да учествуваме на нивни тендери, но никогаш не нѐ ангажирале. Тука се поставува прашањето која е целта на тие анкети ако не ја одбирате агенцијата која со години се покажала како најточна“, вели во изјавата за МКД.мк Николина Стојановска.



Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична