„Зошто сум јас распуштеница?“ – Анѓелка Прпиќ за првпат ги прокоментира озборувањата за нејзиниот развод

„Зошто јас сум распуштеница, а разведениот маж не е ‘распуштенко’, туку зрел човек со две деца?“ - Анѓелка за првпат јавно прозборе за двојните аршини во општеството, но и за лошите коментари упатени до неа, кога се најде среде скандал со развод и афера.

zoshto-sum-jas-raspushtenica-angjelka-prpikj-za-prvpat-javno-za-ozboruvanjata-za-razvodot-so-prviot-soprug-01.jpg

Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ, попозната како Прпиќ, во текот на изминатата година се најде среде скандал кога во јавноста одекна информацијата дека по разводот со првиот сопруг Дарио Прпиќ, започнала врска со неговиот најдобар пријател, Марио Жугиќ.

zoshto-sum-jas-raspushtenica-angjelka-prpikj-za-prvpat-javno-za-ozboruvanjata-za-razvodot-so-prviot-soprug-03.jpg

Анѓелка тајно се омажи за Марио и заедно ја добија ќерката Чарна, а тој редовно ја поддржува во работата, доаѓа на нејзините театарски претстави, но и на настаните каде што таа се појавува.

zoshto-sum-jas-raspushtenica-angjelka-prpikj-za-prvpat-javno-za-ozboruvanjata-za-razvodot-so-prviot-soprug-07.jpg

Додека скандалот беше топ тема во сите балкански медиуми, Анѓелка мудро молчеше и избегнуваше да зборува за тоа.

Но, неодамна во едно свое гостување даде изјава во која стави јасно до знаење дека не ѝ било сеедно додека ги слушала коментарите за случувањата во нејзиниот живот, но и за двојните аршини кои постојат во општеството.

„Зошто јас сум распуштеница, а разведениот маж не е ‘распуштенко’, туку зрел човек со две деца?

И сите обожаваат да ги видат (овие мажи) во паркот како си играат со децата, тоа е една прекрасна слика.

И не е само таа тема, туку ме интересира што е ‘второротка’?

zoshto-sum-jas-raspushtenica-angjelka-prpikj-za-prvpat-javno-za-ozboruvanjata-za-razvodot-so-prviot-soprug-05.jpg

Има татковци што се генијални родители, еве можам да кажам за мојот сопруг. Тој е толку посветен татко. Не можам да кажам дека сите (татковци) се добри и по два часа поминати со децата, но зошто не добиваат некој грд и неубав епитет?

Објаснете ми зошто јас сум ‘второротка’ и што тоа значи? И од друга страна, кога ќе кажеш ‘швалер’, зошто тоа звучи толку симпатично, а ‘швалерката’ не е?“ – прашува Анѓелка, а пренесе Blic.rs.

zoshto-sum-jas-raspushtenica-angjelka-prpikj-za-prvpat-javno-za-ozboruvanjata-za-razvodot-so-prviot-soprug-02.jpg

Таа вели дека негативните реакции се сосема очекувани и дека никој нема да ти рече: „Браво ќерко или сине“.

„Сосема очекувано е да добиеш реакции од типот: ‘Па почекај малку...’, ‘Застани...’, ‘Дали си сигурна?’, а да не речам дека најчесто слушаш: ‘Да не полуде?’, ‘Па зарем планираш тоа да ни го направиш?’“ – вели таа.

За потсетување, Анѓелка има две деца, синот кој го доби од бракот со Дарио Прпиќ и ќерката Чарна која ја доби со вториот сопруг Марио.

zoshto-sum-jas-raspushtenica-angjelka-prpikj-za-prvpat-javno-za-ozboruvanjata-za-razvodot-so-prviot-soprug-06.jpg

Во моментот кога се дозна за врската на Анѓелка со Марио, нејзиниот поранешен сопруг Дарио беше многу гласен со изјавите и јавно ги осудуваше затоа што не можеше да прифати дека неговата поранешна сопруга е во врска со неговиот најдобар пријател, кому требало да му биде кум.

Во меѓувреме, пак, Анѓелка конечно го избриша презимето на поранешниот сопруг, си го врати моминското и го додаде презимето на вториот сопруг, па затоа сега секаде се потпишува како Анѓелка Стевиќ Жугиќ.

Прочитајте и „Ако треба ќе им бидам кум“ - поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ за нејзината бременост со неговиот најдобар пријател

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
„Се прашувам каква мајка сум“ - Анѓелка Прпиќ го слави роденденот на синот од поранешниoт сопруг, ко... „11 години преиспитувања... Каква мајка сум, каде грешам и имам ли поправен испи...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg