
На Изборот за Песна на Евровизија кој годинава ќе се одржи во Малме, Шведска ќе учествуваат изведувачи од 37 земји, објави Европската радиодифузна унија.
По победата на Лорин оваа година, одлучено е следниот избор за песна на Евровизија да се одржи во Малме од 7 до 11 мај.
Утврден е и бројот на земји-учеснички. На евровизиската сцена во Малме ќе настапат натпреварувачи од 37 земји.
Освен домаќинот Шведска, ќе учествуваат сите земји од „големата петорка“ – Велика Британија, Италија, Германија, Франција и Шпанија, а по 31 година Луксембург се враќа на Евровизија.
Од земјите на поранешна Југославија ќе учествуваат Србија, Хрватска и Словенија, исто како и минатата година.
View this post on Instagram
Ќе се натпреваруваат и Албанија, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Грузија, Грција, Данска, Естонија, Израел, Ирска, Исланд, Ерменија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Молдавија, Норвешка, Полска, Португалија, Сан Марино, Украина. Финска, Холандија, Чешка и Швајцарија.
Постои можност на натпреварот да се приклучи и Романија, бидејќи преговорите за учество со романскиот јавен сервис се уште траат.
Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во „Малме Арена“. Првото полуфинале е закажано за 7 мај, второто два дена подоцна, додека големото финале е закажано за 11 мај. Слоганот на натпреварот, како што претходно беше најавено, повеќе нема да се менува, па така натпреварот во Малме ќе се одржува под слоганот „Обединети од музиката“.