ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.02.2024
Велика Британија забранува мобилни телефони во училиштата
Автор: Goce Author

Министрите ги потврдија плановите за забрана на употребата на мобилни телефони во англиските училишта.

Упатството не е законско и им нуди на училиштата различни начини за спроведување на забраната. Забраната може да биде наредба да се остават сите телефони дома, па се до  предавање на телефоните при пристигнување, чување во недостапни шкафчиња или пак дозволување на учениците да ги чуваат во нив, но под услов тие да не се користат.

До 12-годишна возраст, 97% од децата имаат свој мобилен телефон, според податоците на Ofcom. Ова беше загрижувачко бидејќи користењето на мобилни телефони во училиштата може да доведе до малтретирање, одвлекување на вниманието на учениците и може да дојде до губење на време за учење.

„Одиш на училиште, одиш да учиш, одиш за да создадеш пријателства, одиш за да зборуваш со луѓето, да се дружиш и да се образуваш – не одиш за да седиш на мобилен телефон или пак да праќаш пораки додека за тоа време можеш да разговараш со некого“, изјави Џилијан Киган, секретарката за образование на BBC Radio 4.

Упатството ќе одговори на загриженоста на родителите во врска со мобилните телефони, со најновите податоци од Националното истражување за родители на ParentKind, кое открива дека 44% од родителите се загрижени за времето што нивните деца го поминуваат на електронски уреди, што се зголемува на 50% од родителите на учениците од средно образование.

Многу училишта низ земјата веќе ја забрануваат употребата на мобилни телефони со одлични резултати.

Беше изјавено дека ќе бидат инвестирани 10 милиони фунти во околу 700 училишта во следните 3 години со цел да се спроведе оваа забрана.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Кирил Стојанов

Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието
Младите сакаат едукација за финансиската писменост