Сан Антонио може да се обиде да го тргува Дурант

Сан Антонио спарс може да се обиде да го добие преку размена Кевин Дурант. Оваа информација ја објави новинарот на „Clutch Points“, Брет Сигел.

- Во лигата се зборува дека Спарс би можеле да се обидат да го привлечат Дурант и да го создадат најдоброто офанзивно трио во лигата со Фокс и Вембањама, пишува Сигел.

Договорот на Дурант со Феникс трае до сезоната 2025/26, во која тој ќе заработи 54,7 милиони долари.

Сан Антонио има лоша сезона во НБА-лигата. Со биланс 31 победа и 41 пораз се наоѓа на 13.место во Западната конференција.