Стапки во свеж снег

22.01.24 14:01

Зимата во Јапонија е прилично тешка. Куќите и становите имаат степен на изолација кој варира, што често ги прави недоволно загреаните простории неподносливо студени. Покрај тоа, секој што патува до и од работа е во голема мера изложен на снег и други мали непријатности додека минува низ градот. Во зависност од ситуацијата, внатрешното греење, кое почесто е ѕидна единица отколку централно греење, честопати ги остава луѓето со многу нереализирани желби.

Горенаведеното е точно, но ваквите непријатности не го менуваат фактот дека оваа сезона во земјата на изгрејсонцето е неверојатно убава. Замрзнатите езера даваат фантастични можности за фотографирање, додека градовите покриени со снег, но со топли прибежишта, асоцираат на нестварно и бајковито зимско бегство.

Таа нестварност и магичност на пределите во Јапонија е инспиративна за уметниците, каков што е случајот со уметницата Наруми Такада. Набљудувајќи го нејзиното мало деликатното дело, на прв поглед, гледачот помислува дека станува збор за слика од некоја снежна сцена, можеби од северниот остров Хокаидо. Сепак, кога само малку ќе се зумира фотографијата, може да се види што навистина се случува.

Извезените стапки кои покрај тоа што делуваат едноставно се прилично комплицирани за изработка, изведени со праволиниски и задни сатенски шевови, а снегот е создаден со ударна игла и исечени јамки. „Стапки на свеж снег” е насловот на деликатното, но и сосема едноставно дело на Такада кое токму со споменатите карактеристики, барем за момент успева да го прочисти и исполни со свежина погледот на набљудувачот.

Покрај актуелните „Стапки на свеж снег”, кои привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, во продолжение претставуваме и дел од останатите нејзини дела кои исто така пленат со својата едноставност. Освен тоа, очигледна е и посветеноста на природата и секојдневните објекти, со кои Наруми Такада како да сака да нѐ потсети дека не би требало да престанеме да им се радуваме на обичните мали чуда кои, особено во овие студени периоди, нѐ стоплуваат и ни причинуваат задоволство.

Извор: https://www.instagram.com

ОкоБоли главаВицФото