• Мартин Танасковски

Екипата на ПСЖ игра сезона без конкуренција во Лига 1, а за тоа говори дека тимот официјално е шампион во земјата на десет кола пред крајот.
Во рамките на 28. коло, ПСЖ дома славеше над Анжер (1-0) и така има недостижна предност пред најблискиот следбеник Монако.
Единствениот стрелец на голот на средбата во Лига 1 која им донесе рекордна тринаесетта титула на „светците“ беше Дизајр Дуе во 55. минута по асистенција на Кварацкелија. Интересно е што ПСЖ нема пораз во 28 кола во Лига 1. Тимот е со биланс од 23 победи и пет реми исходи, па до крајот на сезоната ќе игра за рекорди во Франција.
- Извештај од натпреварот:
Екипата на Луис Енрике веќе го освои Суперкупот на Франција, ќе игра финале на Купот против Ремс, а следната недела ја очекува четвртфиналето на Лигата на шампионите прогив Астон Вила.