ВИДЕО: Баер Леверкузен ја елиминираше Рома, прво европско финале за Аталанта

Гранит Џака („Баер Леверкузен“)/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Се одиграа и реванш натпреварите од полуфиналето во Лигата на Европа, фудбалерите на Баер Леверкузен на домашен терен одиграа нерешено 2:2 против Рома.

И покрај ремито германскиот претставник благодарение на триумфот од првиот меч во Италија од 2:0 успеа да се пласира во големото финале.

На „Бај Арена“ водеше „волчицата“ по првото полувреме со голот на Паредес од пенал во 43 минута. Италијанците целосно ги вратија надежите во овој двомеч откако во 66 минута Паредес повторно беше прецизен од белата точка за зголемување на позитивата.

Германците не дозволија никаков пресврт, па така најпрвин во 82 минута автогол си постигна Манчини, а конечниот епилог го постави Станишиќ во самиот финиш од средбата (90+7`).

Противник на Баер Леверкузен во финалето на 22 мај во Даблин ќе биде Аталанта која пред своите навивачи со Бергамо со 3:0 убедливо го совлада Марсеј. На првиот дуел во Франција немаше победник (1:1).

Италијанската екипа на паузата замина со минимална предност кој ја донесе Лукман во 30 минута. Водството го зголеми Ругери во 52 минута, а третиот погодок за домашниот состав го реализираше Туре (90+5`).

Тоа ќе биде прво европско финале во клупската историја на Аталанта, а Баер Леверкузен по втор пат ќе игра за титулата во ова натпреварување. Германскиот тим во 1988 година играше финале под тогашниот Куп на УЕФА кога славеше против Еспањол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот