Ѓорѓиевски: Историската победа од над 12 илјади разлика е и сметката за историските неправди кои ни ги нанесоа нам и на Македонија

Сложно и братски ги победивме сите на куп! - објави вечерва на социјалните мрежи градоначалникот на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. 

- Историската победа од над 12К разлика е и сметката за историските неправди кои ни ги нанесоа нам и на Македонија. Народе мој, од срце ви се заблагодарам на сите кои сте дел од промената која доаѓа, на сите кои издржавте овие години и денеска покажавте како се сака татковината! - порача тој. 

Заблагодарувајќи се за поддршката додаде: 

- Несомнено Македонија добива претседател кој ќе биде чувар на нацијата, а ние продолжуваме до нашата крајна цел - влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од идниот премиер, Христијан Мицкоски.