Откриено зошто бродот удрил во мостот во Балтимор

Несреќа во Балтимор / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Бродор Дали „изгубил контрола“ додека го напуштал пристаништето, а екипажот на бродот ги предупредил останатите за можната несреќа, објави Еј-Би-Си њуз, повикувајќи се на некласифициран извештај на американското разузнавање.

„Екипажот на Дали го известил Одделот за транспорт во Мериленд дека изгубиле контрола над бродот и дека е можен судир со мостот“, велат од американската Агенција за сајбер безбедност и инфраструктура.

„Бродот удри во мостот и целосно се урна“, се вели во соопштението.

Професор по инженерство вели дека силата што би го предизвикала катастрофалниот колапс на мостот во Балтимор „мораше да биде огромна“. Професорката Барбара Роси рече дека потпорната конструкција на која удри бродот изгледа е направена од армиран бетон.

„Два бетонски столбови во форма на А над водата поврзани со хоризонтална греда формираат еден дел од подградбата, над водата. Силата на ударот мора да била огромна за да предизвика колапс на овие масивни бетонски конструкции. Оваа голема структура остана без една од нејзините клучни потпори“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот