Грчки медиуми: Триумфот на ВМРО предизвикува загриженост за односите на Скопје со Софија и Скопје со Атина

„Триумф на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во С. Македонија“; „Двојна победа на националистите во С. Македонија“; „С. Македонија: Триумф на десничарската ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори“; „Промена на политичката сцена во С. Македонија“ се дел од насловите  на медиумите во Грција, кои уште од доцна синоќа ги следеа резултатите од двојните избори. 

Во весникот „Та неа“ централната тема на насловната страница на денешното издание е текстот со наслов „Избори во С. Македонија. Што носи двојната победа на националистите“, а и на насловната страница на весникот „Катимерини“, една од централните теми се изборите кај нас под наслов „Загриженост за доминацијата на националистите во Скопје“. Катимерини“ во текстот-анализира дека „доминацијата на ВМРО на изборите во Македонија предизвикува загриженост за последиците врз односите на Скопје со Софија и Атина, иако аналитичарите сметаат дека Договорот од Преспа нема да биде оспорен“.