ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јанаки Митровски: На „Конопфест“ ќе има натпревар по „ролање“, но не канабис

Јанаки Митровски/Фото: „Слободен печат“/Мете Здравев

Изминаа осум години откако во Македонија одгледувањето на канабис законски е дозволено само за правни лица кои тоа ќе го прават во медицински и научни цели. Не само што не сме мрднале од мртва точка по ова прашање, туку и регресираме, вели за „Слободен печат“ адвокатот Јанаки Митровски.

Митровски е и еден од основачите на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ кои оваа година повторно го организираат фестивалот „Конопфест“ кој ќе се случува на 20 април.

-Во последните две години ентузијазмот, по ова прашање, во Македонија спласна, а спласна и политичката волја, па на некој начин преку Конопфест идејата е, условно речено, да се рестартираме во тој правец – вели Митревски.

Во рамките на фестивалот за првпат ќе се одржи натпревар по виткање на ризли.

-Да појасниме дека нема да „роламе“ канабис, не сакаме ни себеси ниту кој било да го доведеме до кривичен прогон. Ќе се ролаат хербални миксови кои наликуваат на марихуаната. Ова ќе има и натпреварувачки карактер, а петчленото жири ќе оценува за брзина, пополнетост и изгледот на џоинтот – појаснува Митревски.

Јанаки Митровски/Фото: „Слободен печат“/Мете Здравев

Во Македонија има четири партии, ЛДП, ДОМ, Левица и Твоја партија, којашто е вонпарламентарна партија, кои се залагаат за декриминализацијата и легализацијата на канабисот, појаснува адвокатот. И пет пратеници, но тој вели дека не е задоволен од досегашниот ангажманот околу ова прашање.

-Ова прашање воопшто не е ни покренато во Собранието, не па да се променат некои работи. Кај нас за политичарите потребите на граѓаните не се приоритет. Си калкулираат што им носи гласови – вели тој.

Во Македонија канабисот е дозволен за употреба во четири состојби, ХИВ/СИДА, епилепсија кај деца, мултипла склероза и рак.

-Во Германија, на пример, уште пред да се легализира беше дозволен за употреба во повеќе од 20 состојби, а кај на состана на само четири. Тоа е најголемиот проблем, а тоа може многу едноставно да се прошири со прост правилник. Крајни цели на нашето здружение се пред сè проширување на оваа листа, регулирање на индустрискиот коноп кој овој закон воопшто не го регулира. Повозрасните знаат дека до 60-те години на минатиот век Југославија имала цела индустриска гранка за производство на коноп, а клучна цел ни е декриминализацијата – вели Митровски.

Според Митревски декриминализацијата ќе ја намали употребата на канабис кај малолетниците, но ќе донесе и многу други придобивки, без ниту една негативна импликација.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот