Шел продава малопродажна мрежа во Европа

Шел компанија фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британско-холандскиот нафтен гигант Шел објави дека се повлекува од малопродажбата на енергија во Велика Британија, Германија и Холандија поради слабата заработка, очекувајќи договор со потенцијалните купувачи во наредните месеци.

Не долго откако го презеде кормилото во Шел, извршниот директор Ваел Саван започна стратешка анализа, наведувајќи ги „тешките пазарни услови“ како причина, потсетува Ројтерс.

„Анализата е завршена, а резултатот е нашиот план за повлекување од тие бизниси. Процесот на продажба е веќе во тек, со намера во наредните месеци да се постигне договор со потенцијален купувач“, соопштуваат од „Шел“.

Големопродажниот бизнис со продажба на енергија на компании и снабдувањето со мали и средни компании под брендот Шел енерџи, како и малопродажбата на енергетски производи за домаќинствата на локации надвор од Европа нема да бидат дел од потенцијалната продажба. Ројтерс минатиот месец објави дека три од најголемите британски снабдувачи со електрична енергија покажале интерес да го преземат малопродажниот бизнис на Шел во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот