Османи: Фронтот за Европа станува локомотива за европската иднина на нашата држава

Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава, изјави Бујар Османи, кандидат на ДУИ и коалицијата, на денешните претседателски избори. Тој изрази благодарност до сите кои ја поддржаа неговата кандидатура, но и за Фронтот за Европа, како и на коалициските партнери.

Тој објави победа на Фронтот наспроти албанската опозиција со над 40.000 гласови во, речиси, сите поголеми градови, општини и места во Македонија.