Бродот е потопен на 350 километри од бразилскиот брег, на длабочина од пет километри

Носачот на авиони Сао Паоло

И покрај предупредувањата од еколозите дека ќе го загади морето и ќе го уништи морскиот синџир на исхрана, бразилската морнарица го потопи својот деактивиран брод Сао Паоло.

Рѓосаниот француски брод тежок 32.000 тони е изграден во 1960-тите, а во март 2021 година, бразилската морнарица го продаде како отпад на бродоградилиште во Турција. Но, турските власти одбиле да го прифатат бродот затоа што бил полн со азбест, токсичен материјал кој често се наоѓа на бродовите од 20 век, па минатата година бил вратен во Бразил.

Носачот на авиони Сао Паоло

И тогаш почнуваат проблемите, откако пет месеци кружел околу бразилското крајбрежје, пред неколку дена (4 февруари) Бразилците решиле да го потопат.

И тоа во средината на Атлантскиот Океан, на 350 километри од брегот, на длабочина од пет километри.

Носачот на авиони Сао Паоло

Во морето на негативни реакции објавени од агенцијата Reuters, обвиненија против морнарицата се упатени од федералните обвинители, но и од организации како Greenpeace, кои тврдат дека носачот на авиони ќе ослободи „тони азбест, жива, олово и други високотоксични супстанции“ во морето.

Сепак, за бразилската морнарица ништо не е спорно, а тоа го објаснија во кратко соопштение:

„Носачот потона во планирана и контролирана акција, благодарение на што избегнавме логистички, оперативни, еколошки и економски загуби за бразилската држава“, се вели во соопштението на морнарицата.