ФАКТОР НА ДЕНОТ: Илјадници граѓани излегоа на протест барајќи правда за Фросина

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2025
ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ БАРАЈЌИ ПРАВДА ЗА ФРОСИНА
Tаткото нa загинатата Фросина од Неготино, Тодор Кулаков вечерва од пред македонското Собрание изјави дека судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито, тој добива“.
Кулаков во изјава за медиумите рече дека само јавноста може да донесе правда за смртта на неговата ќерка.РАЗБИЕНА Е МРЕЖА КОЈА ФАЛСИФИКУВАЛА ПАРИ
Заедничка акција на Македонија и Србија разби криминална мрежа и се запленети над 500.000 евра.
Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази.ВО КУТИЈА СО КОЛАЧИ ВАСИЛ ГО ДОБИЛ ТЕЛЕФОНОТ
Спакуван во кутија од колачи, мобилниот телефон стигнал до Васил Јованов, возачот кој ја усмрти 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино.
ШЕКЕРИНСКА ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ИМА КАКВА БИЛО ВРСКА, ПОЗНАНСТВО ИЛИ ПРИЈАТЕЛСТВО СО ЈОВАНОВ
За прегазувањето на Фросина Кулакова од Неготино кое се случи деновиве, со реакција се јави и заменик - генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.
Таа на Фејсбук објави реакција откако неколку дена кружат информации според кои се тврди дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов, осомничен за прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова, додека Обвинителството го истражувало за дрога.
„Најдиректно сакам да ги демантирам сите такви наводи – тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои никаква основа. Одговорно тврдам дека со ниту едно од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети.фото Вангел Тануровски
Можеби ќе ве интересира
ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот

„Со ОЈО-ГОКК кое бара куќен притвор за „Пуцко“, раководи куќниот пријател на Ахмети“: Мојсоска со остри критики по најновите апсења
Велибор со сите детали за убиството на Вањa, Палевски прво ја прашал како се викаат нејзините родители

МИСАЈЛОВСКИ ЈА РЕШИ МИСТЕРИЈАТА: Кажа дали ќе има македонски војници во Украина
