(Не)обични ароматични шпагети по рецепт на Џејми Оливер: Еднаш кога ќе ги пробате, ќе ви станат омилени

Точка

11/04/2024

16:00

11.509

Големина на фонт

а а а

Речиси и да нема кој не сака шпагети, а најдобрата работа кај нив е што постојат многу варијации на ист рецепт и така секој може да си ги приспособи и по свој вкус.

Денес ви пренесуваме рецепт на Џејми Оливер за класични шпагети со сос од домати којшто е многу едноставен, има прекрасна арома која ќе ве освои на прво залче.

Состојки:

- 2 чешниња лук;
- 1 чили пиперка;
- Свеж босилек, околу 30 грама;
- 300 грама шпагети;
- 400 милилитри мелен домат или сок од домати;
- 80 грама пармезан.


Подготовка:

1. Исчистете го лукчето и ситно исечкајте го, а истото направете го и со чилито.

2. Скинете ги листовите од босилекот, а стеблото исечкајте го.

3. Сварете ги шпагетите во поголемо тенџере.

4. Во меѓувреме, во тава ставете 2 лажици брашно. Додадете го лукот, чилито и босилекот, па помешајте.

5. Кога лукот ќе зарумени, додадете ги лисјата босилекот и додадете го сосот од домати. Додадете сол и бибер.

6. Исцедете ги шпагетите, оставете една шолја од водата, а потоа префрлете ги шпагетите во садот со сосот и помешајте.

7. Тестенините сервирајте ги во чинија, па послужете.

8. Над нив додадете пармезан.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг