Југоисточно од грчкиот остров Хидра во тек е операција за пребарување и спасување за пронаоѓање на патник кој под неразјаснети околности паднал во морето од траект.
Операцијата на крајбрежната стража е фокусирана на област на околу 30 километри југоисточно од островот, објави Катимерини.
Еден од патниците на траектот „Кисамос“ кој патувал од Ханија на Крит кон Пиреја ги алармирал властите.
Во потрагата се вклучени два брода на крајбрежната стража, еден хеликоптер на морнарицата, еден хеликоптер на крајбрежната стража и пет пловни објекти, што ги координира заеднички оперативен центар за пребарување и спасување.