[ВИДЕО] Најсреќната земја на светот нуди бесплатни патувања кои ќе ве научат како да бидете среќни: Аплицирајте и вкусете ја нивната тајна на успехот

Точка

20/03/2024

19:09

16.173

Големина на фонт

а а а

„Најсреќното место на светот“ ги поканува сите трагачи по среќа таму да го поминат својот летен одмор бесплатно.

Финска во континуитет од шест години е на врвот на листата на најсреќни земји во светот, според World Happiness Report. Така, минатата година земјата одлучи да ги организира првите „Семинари за среќа“ во одморалиштето Курош, на брегот на езеро на југот од земјата.


Четири дена луѓе од целиот свет ја видоа и дознаа за „тајната на успехот“ на Финците. Проектот продолжува и оваа година, бидејќи скандинавската земја сега упатува отворен повик до оние кои ја „бараат“ среќата, покривајќи ги сите нивни трошоци за пет дена.

Поконкретно, Visit Finland и Helsinki Partners ќе пречекаат некои среќни посетители на петдневниот мастерклас за среќа во Хелсинки од 9 до 14 јуни, предводен од Хелсиншките Хакери за среќа. Најдоброто од се е што целото патување – вклучувајќи ги и повратните летови – ќе биде целосно бесплатно.


Во Happiness Hackers се Лена Салми, 70-годишна поранешна пливачка и спортска новинарка која вози скејтборд во Хелсинки, Адела Пајунен, биолог и авторка кој се залага за благосостојба во природата и Лука Бала, чиј ресторан се темели на одржливоста. Ако некој сака да дознае повеќе за среќата, ова изгледа како вистинската група што ќе ги научи.


Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа како да бидете среќни до крајот на животот, тогаш можете да најдете дополнителни информации, како и формуларот за апликација за патувањето овде. Апликациите завршуваат на 4 април 2024 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг