30 Април, 2024
0.0275

КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ДЕНЕС ПРЕД УПРАВЕН СУД - ќе докажува дека е прекршен Изборниот законик

Објавено во: Македонија 13 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска во 14.30 часот во Управнот суд, Скопје, професорката Гордана Силјаноска Давкова која воедно е кандидатка за председател на Македонија, ќе се појави во судницата „во одбрана на законот“.

Како што е најавено, таа пред Управен суд ќе го брани ставот дека Академијата за судии ги прекршува изборниот законик, бидејќи во моментов види постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии. 

Имено, по приговорот на Силјаноска Давкова, Државната комисија за спречување коруција (ДКСК) едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.

Судечки совет на овој случај ќе бидат Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска. 

Од страна на Академијата за судии ставот ќе го брани директорката Габер Дамјановска!

Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) донесена по приговор поднесен од кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители го прекршува законот во изборен период.

Од Академијата, посочуваат дека пред, и на самата јавна седница на ДКСК, што се одржа на 10 април, имало многу процедурални повреди, за што Академијата најави тужба пред Управниот суд.

- Академијата по добивањето на Одлуката од ДКСК во законскиот рок ќе поднесе тужба и истата ќе биде заснована на факти, а не на политички маркетинг, невистини и инсинуации, како што беше случајот со јавната седница, кога претседателскиот кандидат се повикуваше на некакви писма и изнесуваше разни шпекулации и измислици, а на Академијата ѝ беше ускратено правото на одговор по истите - соопштија од Академијата.

Државната комисија за спречување на корупцијата, на јавната седница едногласно го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и на Изборниот законик. Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители, спротивно на Изборниот законик, засновала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

„Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“ – пишува во приговорот на Силјановска  Давкова.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање