[ФОТО/ВИДЕО] Непосредно пред 50. роденден се затегнала во заводлив корсет: Пенелопе Круз во едно од своите досега најсексапилни изданија

Точка

21/03/2024

17:31

5.301

Големина на фонт

а а а

Непосредно пред 50. роденден, актерката Пенелопе Круз се најде на насловната страница на шпанското издание на магазинот „Elle“.

Актерката ја покажала заносната фигура која му пркоси на стареењето, а црниот корсет на францускиот дизајнер Муглер дополнително ги истакнал сите нејзини физички атрибути.


Покрај гореспоменатата креација, Пенелопе Круз за фотосесијата носела и „Versace“ зелен фустан, кој првпат бил прикажан во 2023 година во Милано на модната ревија.


Таа по деветти пат се појавила на насловната страница на шпанскиот „El“ и дала интервју. Актерката зборувала за својата професија, но и за семејството кое ретко го експонира во јавноста.


Иако сè уште нема планови за големиот 50-ти роденден, шпанската убавица вели дека ќе го помине во кругот на семејството и најблиските.

Годините искуство ја научиле една важна лекција и на тоа е бескрајно благодарна. „Ја користам предноста на секоја деценија, секој момент и никогаш не мислам дека претходно сум била подобра“, зборувала таа, додавајќи дека понекогаш чувствува носталгија за нејзините помлади денови.


Пенелопе Круз во ова интервју говорела за нејзината голема желба да стане мајка. Таа не крие дека во своите дваесетти заминала во Индија за да посвои дете. Но таа намера не ѝ се остварила.




Денес Круз е среќна жена. Во брак е со актерот Хавиер Бардем, со кого има две деца – синот Лео и ќерката Луна. „Од нивното раѓање правиме сè како би биле присутни во нивните животи. Тоа ни е најважно“, изјавила таа за „Elle“.






Спонзорирани линкови

Маркетинг