20 Април, 2025
0.1258

Samsung ги претстави придобивките од имплементацијата на вештачката интелигенција во создавањето персонализирано искуство и поинклузивно општество

Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2024 13:03

Добивај вести на Viber

Неодамнешната возбуда околу вештачката интелигенција предизвика бран на идеи насочени кон искористување на нејзината моќ. Додека вештачката интелигенција има огромен потенцијал да револуционизира многу области, од финансии до медицина, нејзините импликации за потрошувачката електроника што ја користите се помалку јасни. Нејзиниот потенцијал останува главно неискористен, при што многумина не ја увидуваат вистинската причина поради која вештачката интелигенција е најголемата можност од пронаоѓањето на интернетот.

Вистинска персонализација со помош на вештачка интелигенција

Производите и услугите беа избрзано претставени со цел да го искористат потенцијалот на вештачката интелигенција, но без јасна цел или визија, а има премногу случаи каде што не е јасно како интегрирањето на вештачката интелигенција во дел од технологијата создава опипливи придобивки за општеството. Во оваа брзање да се прифати вештачката интелигенција, се занемари значајна можност: да се овозможи вистинска персонализација на уредите што луѓето ги користат секој ден.

И покрај тоа што нуди опции за прилагодување, потрошувачката електроника не може да ги земе предвид – или да се прилагоди на – предизвиците и приоритетите на корисникот. Додека вештачката интелигенција е интегрирана во различни сектори, нејзиниот реален трансформативен потенцијал лежи во приспособувањето на технологијата за задоволување на специфични потреби, вредности и начин на живот.

Сега имаме шанса да го редефинираме нашиот однос со нашите уреди. Вештачката интелигенција ни дава средства и можност да ја преобликуваме технологијата за да работи не само за секого, туку и за секој од нас на единствен начин. Покрај практичноста, таа може да ја усогласи технологијата со нашите уникатни наративи. Вештачката интелигенција треба да научи повеќе за корисникот, а со тоа да обезбеди подобро искуство преку нејзиното запознавање - на пример, со подобро препознавање на вашиот глас со текот на времето - помагајќи да се генерираат гласови или функции за препознавање. Промислено применетата технологија засилена со вештачка интелигенција ќе ни го подобри животот со тоа што ќе ни овозможи да го ориентираме нашиот начин на живот кон она што е важно за нас.

Вештачка интелигениција за стекнување искуства

Ние во Samsung инвестираме во истражување на вештачката интелигенција повеќе од една деценија. Со текот на годините, постепено го развивме нашето портфолио на производи за да обезбедиме подобрувања на вештачката интелигенција во секоја категорија, од телевизори и фрижидери до правосмукалки и паметни телефони. Секој чекор мора да го подобри корисничкото искуство на влијателен, но одговорен начин. Нашиот пристап кон вештачката интелигенција се темели на пристапност, одржливост и безбедност, за да можеме да ги отстраниме бариерите со кои се соочуваме секој ден и да ги инспирираме следните чекори на општеството. Како и да сакате да живеете, технологијата персонализирана со вештачка интелигенција може да се погрижи да живеете според вашите услови.

За поотворено и инклузивно општество, вештачката интелигенција може да помогне технологијата да биде подостапна. На нашите најнови телевизори, како што е Neo QLED 8K QN900D, вештачката интелигенција ги претвора преводите во говорен звук за луѓе со оштетен вид. Нашите мобилни телефони користат и вештачка интелигенција за автоматско генерирање преводи за време на повик за луѓето со оштетен слух. Во нашата палета на дигитални уреди, ние користиме вештачка интелигенција за да овозможиме отворање на вратата на фрижидерот без употреба на рацете за оние со попреченост во движењето. Ние предвидуваме свет во кој секој може да ужива во нашите производи. Инклузивната технологија е клучна за демократизација на значајни иновации.

За оние кои бараат живот без стрес во домот, вештачката интелигенција може да ги елиминира секојдневните фрустрации, како што е намалување на отпадот од храна со проверка на фрижидерот за тоа што има во него и колку е тоа свежо, а потоа да ја направи вечерата полесна или поздрава со тоа што ќе препорача рецепти. Нашата платформа SmartThings интелигентно ги спојува овие уреди заедно со илјадници компатибилни уреди за персонализиран и лесно контролиран домашен екосистем.

За оние кои сакаат поефикасен начин на живеење во време на зголемени трошоци за електрична енергија, AI Energy Mode им помага на нашите уреди да штедат енергија преку следење на искористеноста и помагање да се намалат и потрошувачката и трошоците.

Дури и комуникацијата станува полесна и полична со вештачката интелигенција. На нашиот најнов паметен телефон од серијата Galaxy S24, може да се надминат бариерите на јазикот и културата со преводот во живо. Пребарувањето на интернет станува поинтуитивно и подиректно благодарение на способноста на вештачката интелигенција да разбере што покажувате на екранот.

Го развивме и Samsung Gauss, нашиот сопствен модел на вештачка интелигенција кој може да генерира текст, код и слики, обезбедувајќи нови можности за лична продуктивност и креативност.


Вештачка интелигенција за општеството

Секоја година ние продаваме над 500 милиони производи, па затоа сме во одлична позиција да добиваме повратни информации за да ги разбереме потребите и приоритетите на нашите клиенти - увиди што ги добиваме од нашите иновации. Ова е исто така огромна одговорност бидејќи нашиот обем и досег значат дека поврзуваме безброј луѓе во нашиот екосистем на производи и услуги.

Од витално значење е луѓето да се чувствуваат безбедно и да имаат контрола додека ги истражуваат можностите обезбедени од вештачката интелигенција и ерата на хиперповрзаноста. Затоа ја штитиме безбедноста на нашите производи, бидејќи само со силна безбедност може да се обезбеди приватност

Нашиот пристап кон мобилната вештачка интелигенција им овозможува на корисниците да изберат да ги чуваат своите најчувствителни податоци на нивниот уред, наместо на оддалечени сервери или на облак, каде што тие би можеле да бидат поранливи. За да ги обезбедиме и другите уреди на корисникот, ја прошируваме Samsung Knox - нашата мобилна безбедносна и одбрамбена платформа - на нашите други категории производи. Со Knox Matrix, уредите поврзани во екосистемот можат да се заштитат едни со други, со телефони, телевизори и фрижидери кои работат заедно за да се внимава на сајбер заканите. Компанијата Samsung останува посветена на развивање услуги за вештачка интелигенција, кои можат да работат локално на уредите, постојано да учат за корисниците и да ги испорачаат најновите иновации на вештачката интелигенција додека ги одржуваат податоците на корисниците безбедни.

Пренесувањето на голиот потенцијал на вештачката интелигенција во значајни искуства и подобрувањето на квалитетот на животот на глобално ниво не е едноставна задача. Иако имаме богата историја на иновации обликувани за луѓето, имаме и филозофија на отворена соработка. Нашиот отворен екосистем на партнери гарантира искуствата да бидат што е можно побогати, разновидни и релевантни. Соработката е клучна за забрзано носење на иновациите во рацете на потрошувачите, особено во развојот на технологијата за вештачка интелигенција, поради што тесно соработуваме со други лидери во вештачката интелигенција, како што се Microsoft и Google.

Додека вештачката интелигенција го трансформира светот околу нас, потребна е цел, експертиза и размер за да се внесат нејзините придобивки во животот на луѓето. Ние во Samsung веруваме дека вештачката интелигенција оди подалеку од уредите - таа треба да има персонализирано влијание во сите области од животот. Во оваа ера на хиперповрзаност, ние ја користиме технологијата за вештачка интелигенција за да овозможиме попаметни, подобри искуства кои го прават животот полесен, побогат и поинклузивен за сите. Кога вештачката интелигенција е во прашање, не станува збор за тоа што може да направи еден уред, туку што луѓето можат да направат со вистинските алатки.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери