ВИДЕО: Бразилецот Роналдо го избра најдобриот тим на сите времиња

фото: EPA-EFE/JOSE MENDEZ

Легендарниот фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима го избра најдобриот тим на сите времиња.

Прославениот бразилски центарфор се вклучи исто така во тие 11 играчи.

Во разговорот за „Дејли Мејл“, Роналдо на голот го стави Италијанецот Џанлуиџи Буфон, а на бековските позиции неговите сонародници и поранешни соиграчи Кафу и Роберто Карлос.

Според Роналдо, најдобри дефанзивци во историјата се Паоло Малдини и Фабио Канаваро.

Во исклучително офанзивна формација, Роналдо во средниот ред и нападот ги вклучи Зинедин Зидан, Диего Марадона, Пеле, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и – себе на позицијата „деветка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот