Психијатриската болница - Демир Хисар информира дека навремено се известени надлежните институции, вклучувајќи го и ЦСР Прилеп и се во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со немилиот настан што вчера се случи во Прилеп.

Од ЈЗУ Психијатриска болница - Демир Хисар посочуваат дека во оваа фаза од истрагата заради сензитивноста на постапката нема да се дистрибуираат дополнителни информации.

Како што е познато во соопштение до јавноста, СВР Битола информираа дека на 21 март во 20:30 часот во ОВР Демир Хисар, од Јавната здравствена установа - Психијатриска болница Демир Хисар било пријавено дека од болницата избегал пациент на возраст од 50 години. Полициски службеници од ОВР Демир Хисар извршија проверки во Психијатриската болница Демир Хисар и на разговор биле повикани повеќе лица. Исто така, се вршат проверки за тоа како пациентот успеал да избега при транспортот од психијатриската болница и на кој начин дошол до оружјето со кое беше пукано врз жена, социјален работник, вработена во Центарот за социјални работи во Прилеп


Администратор
26/03/2025 04:11