Премиерот Џафери се поклони во Меморијалниот центар на УЧК на Косово (ВИДЕО)

Денес, претседателот на Владата на Македонија, Талат Џафери, во рамките на посетата на Колеџот ААБ во Приштина, беше и во гратчето Преказ, каде што се наоѓа Меморијалниот центар „Адем Јашари“.

Денес, претседателот на Владата на Македонија, Талат Џафери, во рамките на посетата на Колеџот ААБ во Приштина, беше и во гратчето Преказ, каде што се наоѓа Меморијалниот центар „Адем Јашари“, за да оддаде и лична почит со положување на свежо цвеќе на гробовите на жртвите чии што посмртни останки се наоѓаат таму.

Станува збор за скоро 56 членови на семејството Јашари, кои на 5, 6 и 7 март 1998 година беа убиени на прагот на своите домови, во борбата за слобода и независност на татковината. Воедно, премиерот Џафери ги посети и дел од членовите на семејството Јашари кои се жив спомен за тие исклучително важни, но и болни денови од историјата на Република Косово.

Тоа се датумите кога се одбележува и Епопејата на ОВК и овој Меморијален центар е местото кон кое се упатуваат огромен број на граѓани и иселеници кои ја оддаваат својата почит кон овој потсетник на борбата за слобода, соопштуваат од Владата.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер