Линкови за пристапност

Обилни дождови ги погодија Обединетите Арапски Емирати


Дожд на Арапскиот Полуостров.
Дожд на Арапскиот Полуостров.

Обилни дождови ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, поплавувајќи делови од главните автопати, а возилата останаа напуштени на патиштата низ Дубаи. Во меѓувреме, бројот на загинати во одделни тешки поплави во соседен Оман се искачи на 18, додека други се водат како исчезнати додека султанатот се подготвуваше за невремето.

Дождовите почнаа да паѓаат во текот на ноќта, создавајќи огромни езерца на улиците. Силните ветрови ги попречија летовите на меѓународниот аеродром во Дубаи, кој е е ден од најпрометните во светот за меѓународни патувања.

Училиштата низ ОАЕ беа затворени пред невремето, а владините службеници во голема мера работеа на далечина. Многу работници исто така останаа дома.

Властите испратија камиони-цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпаат водата.

Дождот е невообичаен во ОАЕ, сушна држава на Арапскиот Полуостров, но периодично се појавува за време на постудените зимски месеци. Многу патишта и други области немаат одводнување со оглед на недостатокот на редовни врнежи, што предизвикува поплави.

Првичните проценки сугерираа дека над 30 милиметри дожд паднале утрото во Дубаи, а се очекуваат дури 128 милиметри дожд во текот на денот.

Дожд падна и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.

Во соседниот Оман, султанат што се наоѓа на источниот раб на Арапскиот Полуостров, најмалку 18 луѓе загинаа во обилните дождови во последните денови, се вели во соопштението на Националниот комитет за управување со вонредни состојби на земјата.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG