Лопарски за ТВ 24: Неопределените ќе ја донесат одлуката на денот на гласањето

Татјана Лопарски сопственик на ПР агенција во емисијата 24 анализа рече претставувањето на кандидатите преку кампањите не може да промени во следните 20 дена кај изборните избори. Поголем дел од гласачите веќе се определени за кого ќе гласаат.

- Неопределените ќе ја донесат одлуката на денот на гласањето и не верувам дека толку може да се промени соодност сега, но важни се пораките и во овие кампањи наместо да се напаѓаат, слушаме проекти. Народот сака да види се што нуди на кампањите. Во спотовите гледаме дека се креативни од маркетиншки аспект. Но, и тие не може да сменат ништо. - вели Лопарски.