Рубрика: Астрономија и астронаутика
Изградбата на Екстремно големиот телескоп е на половина пат
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 26.07.2023 - 19:15

Како ќе изгледа ЕЛТ телескопот откако ќе биде во целост завршен

Најголемиот телескоп во светот со можност за астрономски набљудувања во видливото и инфрацрвеното светлинско подрачје треба да ја види „првата светлина“ до 2028 година. Телескопот, дел од Европската јужна опсерваторија (ESO), сосема соодветно е наречен Екстремно голем телескоп (ELТ), а ќе има пречник од повеќе од 39 метри откако ќе биде завршен.

„ЕЛТ е најголемиот од следната генерација на терестријални оптички и блиску инфрацрвени телескопи и е со најнапредна конструкција. Пристигнувањето на 50% од реализацијата не е мал подвиг, со оглед на предизвиците својствени за големите, сложени проекти... Исклучително сум горд што ELT ја достигна оваа пресвртница“, вели генералниот директор на ЕСО, Хавиер Барконс.

Досега, вкупните трошоци на изградбата надминаа 1,3 милијарди евра. Во моментов телескопот во пустината Атакама во Чиле е само челична конструкција, но кога ќе биде завршен тој ќе биде опремен со пет посебни огледала. Најголемото од нив е околу 70% завршено, а е изработено од 798 поединечни шестоаголни сегменти, слично на огледалото на JWST.

Изградбата на ЕЛТ е во полн ек – снимено во јули оваа, 2023 година Фото: ESO

Како и вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST), секое парче огледало треба да биде совршено излеано, полирано и поставено за да биде ефективно. Но, иако JWST може да обезбеди прекрасни слики надвор од нашата атмосфера, неговото примарно огледало има пречник од  само 6,5 метри.За споредба, најголемото огледало на ELT ќе биде широко 39,3 метри што ќе овозможи телескопот да прими повеќе светлина, отприлика 100 милиони пати повеќе светлина од човечкото око.

Желбата за сè поголеми и поголеми оптички телескопи не е без причина. Имено, колку што е поголемо огледалото – толку поостра слика на објектите што се набљудуваат. А ELT треба да обезбеди слики што ќе бидат 16 пати поостри од оние добиени од вселенскиот телескоп Хабл.

Изградбата на ЕЛТ е во полн ек – снимено во јули оваа, 2023 година Фото: ESO

Сепак, изградбата најголемиот оптички телескоп што некогаш бил планиран, наречен Премногу голем телескоп (Overwhelmingly Large Telescope), којшто требаше да има пречник од 100 метри, беше откажана поради огромните трошоци и сложеноста на изведбата. Радиотелескопите, дури и оние со една чинија, можат да бидат со многу поголеми димензии. Ова се должи на тоа што тие ним не им требаат внимателно дизајнирани огледала, а и радиобрановите се значително поголеми од оптичките бранови.

Повеќе за Е-ЕЛТ може да прочитате во ЕМИТЕР 3/2012 – Супергигантски стационарен телескоп E-ELT, а неколку интересни факти за телескопите може да најдете тука

Клучни зборови:
Како ќе изгледа ЕЛТ телескопот откако ќе биде во целост завршен

Како ќе изгледа ЕЛТ телескопот откако ќе биде во целост завршен Извор: ESO

Изградбата на ЕЛТ е во полн ек – снимено во јули оваа, 2023 година

Изградбата на ЕЛТ е во полн ек – снимено во јули оваа, 2023 година Извор: ESO

Изградбата на ЕЛТ е во полн ек – снимено во јули оваа, 2023 година

Изградбата на ЕЛТ е во полн ек – снимено во јули оваа, 2023 година Извор: ESO