Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката“: Драган Спасов-Дац доби внука и ѝ посвети слатка песна

„Ќе ти ја сакам косата, убавото носе и насмевката“: Драган Спасов-Дац доби внука и ѝ посвети слатка песна

Драган Спасов-Дац има нова улога – дедо.

59-годишниот пејач и актер на Facebook објави дека има внука од синот Јаков, која го доби името Гаиа.

Македонската ѕвезда напиша преслатка песничка за неа.

Драган Спасов-Дац

Секогаш кога ќе се роди некое чедо, земјата станува потешка за околу 3,5 килограми, станува посреќна за илјадници срцебајти, станува помудра, пољубовна поубава, понежна... така земјата прави рамнотежа со ѕвездата што се раѓа во негова чест.

Во тој миг насмевките се зголемуваат на најмалку илијадници усти а планетата благо трепери од нивната моќ. Всушност така планетата се врти, се движи и патува низ непрегледната вселена.

Во тој миг мајката се претвора во водопад, а таткото во најсилниот вулкан за да го извикаат името на своето чедо кое ја има енергијата на своите предци!

Добре дојде на планетава внуко моја Гаиа!

И сакам да знаеш дека...
Ќе ти ја сакам косата,
убавото носе и насмевката.
Ќе ти ги сакам очите,
и веѓите и трепавиците.

Ќе ти го сакам грлото,
и плачот и гласот.
Ќе ти ги сакам прстињата,
и рачињата и ноџињата.

Ќе ти сакам сè,
а најмногу добрината!

Твојот дедо Дац

Јаков и неговата сопруга Софија стапија во брак во мај минатата година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23636 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.