Македонија
9. May 2024 - 19:50

Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор

Само звукот од трубата на воениот оркестар укажуваше дека во дворот на Владата, се одбележуваат Денот на Европа и победата над фашизмот. Малкумина гости присуствуваа на настанот организиран и најавен од Владата. Без обраќања кон присутните, цвеќе пред спомен обележјето за падот на фашизмот, положија техничкот премиер Џафери, министрите Пенов и Мадиќ.

Церемонијата за одбележување на Денот на победата над фашизмот траеше неполни 10тина минути.. Официјални говори од владините претставници пред споменикот на ослободителите на Скопје, немаше.

Пред обележјето составено од седум бронзени скуплтури во борбени пози, се поклонија уште евроамбасадорот, претставници на Собранието, Армијата, политички партии, продоложувачи на делото на борците од Народноослободителната армија.

Сите стапнаа на црвениот тепих, кој ја покриваше неискосената трева, исушеното цвеќе, но и бујната вегетација во владиниот двор висока и над еден метар. Неуреденото зеленило го уништило и системот за наводнување.

Во меѓувреме, европските челници испратија пораки по повод Денот на Европа.

„Европската Унија е, пред се идеја. Пред се е сон. Сонот за помирена Европа, обединета Европа. Сонот за Европа која работи за поголем просперитет и ги подобрува животите на луѓето. Денеска е Денот на Европа, момент за да се потврди нашата непоколеблива определба за да продолжиме да го градиме, дел по дел, овој европски проект кој не обединува сите“, изјави Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. 

За претседателката на Европската комисија, денот на Европа ги слави луѓето кои ја изградиле Унијата и сите кои продолжуваат да ја градат.

„Овој ден им припаѓа на сите Европејци“, напиша Фон дер Лајен.. 

Во земјава, свежо цвеќе по повод 9 мај беше положено и на партизанските гробишта во Бутел.